*Информациите се достапни само на англиски јазик.
КАКО СЕ ЗАПОЧНА
НОВА ЕРА НА МОБИЛНОСТ
Во 1933 година, во време кога повеќето јапонски патишта беа неасфалтирани, нов автомобил помина повеќе од 500 километри од Осака до Токио без никакви технички тешкотии.
Тоа беше првиот автомобил на брендот Datsun, беше произведен од основачот на Nissan Motors.
Една деценија подоцна, соочени со сериозен недостиг на нафта и охрабрени од зголемениот број хидроцентрали во земјата, јапонските власти решија да го поттикнат развојот на електрични возила. Инженерите на Nissan подготвени го прифатија овој предизвик и го произведоа првото електрично возило наречено Tama.
ТРАЈНО ВЕТУВАЊЕ НА БРЕНДОТ
Од првите модели до оригиналниот градски кросовер и новиот погон e-POWER - од самиот почеток се осмелуваме да го правиме она што другите не се осмелуваат.Револуционерниот дух кој не тера постојано да ги поместуваме границите на инженерството е длабоко вткаен во нашата ДНК.
Истражете интересни факти од нашето минато и сегашност и погледнете како продолжуваме да им пркосиме на правилата на индустријата за да создадеме почиста, побезбедна и поинклузивна иднина.
НИЕ ГО МЕНУВАМЕ СВЕТОТ ПРЕКУ ЕЛЕКТРИФИКАЦИЈА
Од Tama, нашето прво електрично возило во 1947 година, до револуционерната Аriya – нашата страст за електричните возила трае со децении, и тоа се покажува!
Дознајте повеќе за нашето електрично патување: проверете како изгледаа нашите почетоци, какви атрактивни концепти создадовме, но и како ја замислуваме возбудливата иднина на мобилноста.
НАШЕТО НАСЛЕДСТВО
Непреченото, беспрекорно и бескрајно возбудливо возење е резултат на нашите неуморни напори да се подобриме. Ова е она што го правиме повеќе од девет децении.
Подолу можете да погледнете некои од нашите најпопуларни модели.
Јапонија претрпе голем недостиг на нафта и стоки пред повеќе од 75 години. И покрај сето она што недостасуваше, сепак имаше нешто во изобилство: хидроелектрична енергија. Така се роди првиот електричен Nissan.
Nissan Patrol нашиот прв SUV за американскиот пазар, беше цврст и ефикасен како малку други на пазарот. Иако беше достапен по пониска цена, овој автомобил се карактеризираше со поголема моќност.
По купувањето на Prince Мотор во доцните 60-ти, Nissan ги искористи своите најдобри технологии за да го произведе Skyline 2000GT-R - автомобил со високи перформанси дизајниран за трки со автомобили.
Следејќи го Datsun Bluebird, Datsun 240Z победи на источноафриканското сафари рели во 1971 година. Тоа беше втора победа по ред за Nissan.
Пред десет години, ја комбиниравме привлечноста на теренецот со димензиите, ефикасноста и перформансите.
Во 2010 година, брендот го претстави Nissan LEAF® – првиот масовно произведен 100% електричен автомобил без емисија на штетни гасови.
„Не долго потоа, во 2012 година, Nissan го претстави енергичниот кросовер JUKE и со него го потресе европскиот пазар на автомобили. Неговиот смел и впечатлив дизајн не може да се спореди со ништо друго. Згора на тоа, јавното мислење за тој модел и денес е поделено.
ARIYA, 100% електричниот кросовер со технологија за следење на сите тркала e-4ORCE, е резултат на повеќе од десет години експертиза на брендот во областа на електричните возила, но и навестување за навистина возбудлива електрична иднина.
РЕВОЛУЦИОНЕРНИ ТЕХНОЛОГИИ
Благодарение на низата пазарни достигнувања и уникатните иновации што ги создадовме, се радуваме на одржлива електрична иднина повеќе од кога било. Токму затоа сакаме да станеме јаглеродно неутрални до 2050 година.
За да се постигне оваа цел, сите наши нови модели ќе бидат електрифицирани до 2030 година.
Почувствувајте ја бескрајната возбуда со e-POWER
Уникатната e-POWER технологија на Nissan комбинира непречено, беспрекорно забрзување со практичноста на традиционалниот мотор.
Невидена контрола со e-4ORCE
Револуционерниот систем за контрола на сите тркала гарантира избалансирани, моќни и контролирани перформанси на сите терени.
Функционалност на NissanConnect
Замислете – навигација, забава, безбедност и многу повеќе, сѐ во една апликација за паметен телефон!
Дознајте како им помагаме на милиони возачи да останат поврзани како никогаш досега.
СТРАСТ И ИДНИНА
ВОДЕНИ ОД ИСКУСТВО
Веќе 90 години, ние сме посветени на подобрување на искуството на возачот.
Водени од оваа страст, произведовме бројни познати модели, патнички и тркачки. Ова искуство не научи многу за создавање побрзи, побезбедни и поодговорни автомобили кои во исто време гарантираат позабавно возење.
НИЕ ЈА ОБЛИКУВАМЕ ИДНИНАТА
Не инспирира кога ќе допреме до луѓето, нивните умови и срца и кога го насочуваме светот кон поодржлива иднина. Никогаш нема да се потчинуваме на воспоставените правила кои не спречуваат да напредуваме, но ќе продолжиме да внимаваме на патот што ни претстои – оној што ние самите постојано го обликуваме.
НАШАТА ОБВРСКА ЗА ОДРЖЛИВОСТ
Од самиот почеток, се стремиме да се поврземе со општеството и позитивно да влијаеме на заедниците. Водени од такви размислувања, дојдовме до неколку иновативни технологии кои ги надминуваат границите на автомобилската индустрија и создаваат опипливи промени.
ЈАГЛЕРОДНА НЕУТРАЛНОСТ
Посветени сме на целта да постигнеме јаглеродна неутралност до 2050 година и постојано работиме на намалување на нашето негативно влијание врз животната средина. На пример, инвестиравме една милијарда фунти во екосистемот за производство на електрични возила, први од ваков вид во светот.
ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ
Се потпираме на нови технологии и напредни идеи за производство на висококвалитетни, сигурни и побезбедни возила. За таа цел работиме и на постигнување нулта стапка на сообраќајни незгоди со смртни последици.
ПОГОЛЕМА ИКЛУЗИВНОСТ
Ние разбираме колку е важно да се биде активен граѓанин на светот. Токму затоа сме посветени на зајакнување и поддршка на нашите заедници преку прифаќање на различностите и поттикнување на еднаквоста и вклученоста.
МЕНАЏМЕНТ
Нашиот пристап кон одржливост се заснова на принципите на доверба и транспарентност поткрепени со силни, јасни вредности на компанијата и дополнително зајакнати со строги политики за управување.