Интелигентно возење
Паметен сопатник
Интелигентно возење
Паметен сопатник
Интелигентно возење
Паметен сопатник
Интелигентно возење
Паметен сопатник
Автомобилите можат да се појават од сите страни околу вас, но сè е спокојно во вашиот Nissan. Вашиот автомобил ја следи патеката на автопатот и ги чита ознаките на патиштата со цел да Ве држи во центарот на коловозните ленти. Благодарение на вградената технологија ProPILOT Assist⁽¹⁾, Nissan се грижи за вас на секој чекор.
Интелигентна моќ
Додадете возбуда на возењето
Интелигентна моќ
Додадете возбуда на возењето
Интелигентна моќ
Додадете возбуда на возењето
Задоволство на притисокот и поставување на вашето стапало на педалата за гас, задоволство во управувањето, стигнувањето до вашата дестинација е половина од забавата! Nissan технологиите како e-Pedal Step и e-4ORCE технологијата за погон на сите тркала инспирираат доверба.
Интелигентна интеграција
Поврзете се со вашиот свет
Интелигентна интеграција
Поврзете се со вашиот свет
Интелигентна интеграција
Поврзете се со вашиот свет
Најновата епизода од вашиот омилен подкаст, компилација со музика за патување или потсетник „Не заборавајте да купите млеко“. Со NissanConnect Services можете да пристапите до сите забавни содржини и SMS и WhatsApp пораки со едноставни гласовни команди - сто тоа додека возите!
Ваш интуитивен придружник кој ве предупредува и дејствува проактивно. ProPILOT Assist ја заштитува вашата безбедност при секое патување. Го следи протокот на сообраќај користејќи ги напредните сензори и системот за мапирање на вашето возило за да ги предвиди опасностите и да ве предупреди и насочуви во широк спектар на сообраќајни ситуации.
Долгите патувања по автопат понекогаш се монотони и заморни. Системот за помош при возење го намалува напорот на таквото возење. Откријте го темпоматот кој автоматски ја прилагодува вашата брзина на протокот на сообраќај за да ви помогне да одржувате безбедно растојание, потоа системот за одржување во сообраќајната лента кој нежно го управува управувачот за да ве држи во центарот на вашите сообраќајни ленти – дури и при благи свиоци.
Возењето ноќе може да биде заморно. Прилагодливите LED светла на Nissan го намалуваат заморот со интелигентно прилагодување на светлосниот зрак. Со делење на светлосниот зрак на 12 поединечно контролирани светлосни сегменти долгите светла автоматски се прилагодуваат за да се спречат светлост од возилтаа што доаѓаат од спротивната страна и да ја максимизираат видливоста на патот во секое време. Прилагодливите светла во моментов се достапни само на некои модели, за останатите модели ова би се применило во иднина. За повеќе информации за спецификациите на поединечните модели, ве молиме контактирајте го вашиот локален Nissan овластен застапник.
Ноќното возење е уште полесно и побезбедно со овие две функции, достапни за сите модели. Функцијата за автоматско долго светло ги намалува долгите светла пред возилата од спротивната страна и повторно ги вклучува кога возилата поминуваат, додека автоматските светла се вклучуваат независно кога ќе се стемни.
Понекогаш забораваме колку е ограничувањето на брзината на патот по кој возиме. Меѓутоа Nissan прикажува информации со цел да ви помогне да останете безбедни и да возите во согласност со сообраќајните прописи.
На раскрсница или во кружен тек, системот за помош при поаѓање по нагорнина автоматски го држи вашиот Nissan стациониран на нагорнината со цел да можете безбедно да маневрирате.
Возете низ градот уште побезгрижно! Интелигентниот систем за итно сопирање постојано ги надгледува возилата пред вас и ве предупредува, па дури и сопира до запирање доколку препознае опасност од судир. Во некои модели на Nissan, системот вклучува функција за препознавање пешаци и велосипедисти и функција за помош на раскрсницата која препознава возила што доаѓаат кон вас на раскрсницата. За повеќе информации за спецификациите на поединечните модели ве молиме контактирајте го вашиот Nissan овластен застапник.
Паркирајте уште посамоуверено. Доколку системот открие неподвижен предмет зад вашето возило додека возите наназад, автоматски ќе го сопре возилото за да спречи судир.
Ќе добиете известување кога е време да се одморите од возењето. Овој систем постојано ги следи вашите движења. Ако открие знаци на умор ќе ве извести со предупредувачки звук и симбол за шолја за кафе на екранот.
Гледа она што вие не сте во состојба да го видите. Кога ќе се обидете да ја промените сообраќајната лента на автопатот, системот ќе ве предупреди за присуство на возило во вашата "мртва точка". Ако открие возило во вашата слепа точка, системот може да ги притисне сопирачките и да ве насочи назад во вашата сообраќајна лента подалеку од опасност.
Ваш дополнителен пар на очи кој ја предвидува опасноста! Системот го препознава ненадејното сопирање на возилото напред и ве предупредува да ја намалите брзината.
Одржува безбедно растојание од возилото напред. Со препознавање на растојанието на возилото напред и неговата релативна брзина, овој систем ви помага да одржувате безбедно растојание за возење.
Додека маневрирате, четирите камери ви даваат поглед од птичја перспектива од 360 степени на околината на возилото и препознаваат подвижни предмети околу вас.
Избегнувајте непријатни изненадувања при влегување или излегување од паркинг простор. Кога возилото е поставено за возење на назад, радарските сензори детектираат предмети зад вашето возило и возила кои се приближуваат од лево или десно. Системот потоа ве предупредува со звучни и визуелни сигнали, доколку е потребно накратко ги активира сопирачките за да спречи судир.
Ново електрифицирано искуство со погон на сите тркала. Nissan e-4ORCE е уникатна технологија со електричен погон на сите тркала. Овој иновативен систем постигнува совршен баланс на динамика и невидено ниво на контрола. Пробајте го e-4ORCE и уверете се во дополнителна моќ, стабилност на управувањето и контрола – дури и во екстремни услови. Сето ова додека уживате во непречено возење заедно со вашите патници!
Откријте поедноставен и поинтуитивен начин на возење. Технологијата e-Pedal ви овозможува да го забрзувате, успорувате и сопирате вашиот Nissan само со педалата за гас. Се разбира доколку има потреба од силно сопирање, педалата на сопирачката сè уште ви стои на располагање. Во сите други ситуации, уживајте во едноставноста на возењето со само една педала.
Почувствувајте го уникатното задоволство од електрифицираното возење - без потреба од полнење. Nissan e-POWER е единствена технологија што го прави возењето во град уште поодговорно, потивко и поефикасно. Бидејќи батеријата се полни од бензинскиот мотор додека возите нема да има потреба од стопирање за да се полните.
ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ
ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ
ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ
Ултимативен кросовер
Нова визија за автомобилот што го создаде сегментот на кросовери. Компактен, економичен и поинтелигентен од кога било.
Електрифициран семеен SUV
До 7 седишта, e-POWER технологија и 4WD погон на сите тркала: вашата желба за забава нема да има граници.
Возачите не треба да се потпираат само на функции што го олеснуваат возењето. Некои функции нема да работат во сите услови и околности. Мора да се почитуваат ограничувањата на брзината и другите ограничувања. За општи услови за користење на технологиите на Nissan, ве молиме контактирајте го вашиот Nissan овластен застапник.
(1) ProPILOT Assist е достапен само во одредени верзии и само во верзии со автоматски менувач. Функцијата ProPILOT Assist е напредна технологија за помош при возење, но не може да спречи судир. ProPILOT Assist е наменет само за возење по автопат (одделен со бариери) со постојано внимание и учество на возачот. Navi-Link ја поддржува функцијата за препознавање сообраќајни знаци. Меѓутоа работата на оваа функција може да биде ограничена под одредени услови. Возачот е должен да ги следи сообраќајните знаци и да ги почитува сообраќајните прописи.Одговорност на возачот е да остане внимателен, да вози безбедно и постојано да одржува контрола над возилото. Проверете го прирачникот за возачот за повеќе информации.
(2) Доколку ProPILOT Assist (за верзии со автоматски менувач) или Drive Assist (за верзии со рачен менувач) е достапен во вашето возило, интелигентното предупредување за напуштање на сообраќајна лента и интелигентното следење на "мртов агол" ќе се активираат само со притискање на синото копче на управувачот (кога ProPILOT Assist / Drive Assist е во мирување).
(3) Достапно само за одредени електрифицирани погони.
Фотографиите на веб-страницата www.nissan.mk се симболични и служат исклучиво за информативни цели. Сите податоци и информации прикажани на веб-страницата и во документите се привремени и предмет на промена. Го задржуваме правото на грешки во текстот. Поради последиците од глобалниот недостиг на полупроводници, некои елементи на опремата прикажани на веб-страницата и во брошурата моментално не се достапни. Во сегашните услови, тешко е да се предвиди достапноста на специфичните елементи на опремата, кои можеби не можат да се добијат во конкретниот случај поради глобалниот недостиг на полупроводници. За најновите информации, обратете се до најблискиот овластен застапник.