УЛТИМАТИВЕН ГРАДСКИ CROSSOVER
NISSAN ИНТЕЛИГЕНТНА МОБИЛНОСТ
Системот на NISSAN ИНТЕЛИГЕНТНА МОБИЛНOСТ засекогаш го менува начинот на кој се движите во светот на технологијата, правејќи да се чувствувате побезбедни, повозбудени и поврзани. Овој систем ќе ви помогне во текот на возењето со што ќе бидете повеќе свесни за вашата околина. Сè е полесно, од контрола до навигација, до избор на музика. Интелигентната мобилност на Nissan ja претставува иднината на возењето. Веќе го имаме ова денес!
Интелигентно возење
NISSAN PROPILOT ЗА ВАША ПОМОШ И ЗАШТИТА
Nissan ProPILOT [*] прави сè да биде поедноставно; од возење во сообраќаен метеж до почитување на сообраќајните знаци на автопат. Систем кој ја држи контолата за да може Вие да се опуштите и да уживате во возењето.





ProPILOT помага во одржување на безбедно растојание од возилото пред вас. [*] Во зависност од протокот на сообраќај, тој исто така може целосно да сопира и забрза повторно кога сообраќајот ќе започне да се движи.

Технологијата на системот за одржување во сообраќајната лента Ви помага да останете на средина од вашата лента на рамен пат, но и на нежни свртувања.
ПОМОШ КОГА ТОА ТИ Е ПОТРЕБНО
СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ВО ВОЗЕЊЕТО КОЕ НОСИ НОВА САМОДОВЕРБА



Понекогаш едноставно не ги согледувате сите ситуации. Овој систем го следи сообраќајот пред вас и Ве предупредува ако треба да ја намалите брзината. Исто така, возилото може целосно да сопре со цел да спречи удар со друго возило или пешак.
Овој систем ве предупредува доколку забележи возило во мртов агол.
Разбудете се! Доколку почнете да преминувате во друга лента без да го вклучите трепкачот, овој систем ќе ве предупреди.
ПОГЛЕДНЕТЕ И ПОЧУВСТВУВАЈТЕ ПОВЕЌЕ ОКОЛУ ВАС
ПАРКИРАЊЕ- ПОЕДНОСТАВНО ОД КОГА БИЛО
Доколку Ви се приближува некое возило кон мртвиот агол, или пак количка од маркет се појавува од непредвидливо место, сензорите за интелигентната мобилност на Nissan ќе го детектираат движењето околу вашиот Qashqai и ќе Ве предупредат без оглед дали сте на паркинг место или возите по градските улици.

ИНТЕЛИГЕНТНА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
Препуштете го паркирањето на вашиот нов QashqaI. Интелигентната помош при паркирање ќе го паркира вашето возило и на најтесниот простор за паркирање.




Четири интелигентни камери Around View Monitor кои обезбедуваат панорамски поглед кој ќе го олесни паркирањето и за напред и за назад. Поделениот екран Ви помага да паркирате како професионалец. Ве предупредува кога препознава подвижни предмети околу близината на вашето возило, откако ќе ја пробате оваа опција никогаш не би сакале да останете без истата.

Предупредувањето за доаѓање на дел од сообраќајот од двете страни на возилото ќе Ви помогне со поголема сигурност да излезете од одредено паркинг место. Ги следи страничните делови на вашиот Qashqai и Ве предупредува за доаѓањето на возилата од двете страни.
ТЕХНОЛОГИЈА КОЈА ВНИМАВА НА СИТЕ ДЕТАЛИ
НЕЖНО, СОВЕСНО И ВНИМАТЕЛНО - ПОДОБРО ВОЗЕЊЕ ЗА СИТЕ
Nissan QASHQAI Ви помага да внимавате на малите работи. QASHQAI се грижи за вас и вашите патници со тоа што веднаш ќе вклучи голема светлина кон поглед на претстојниот сообраќај, ограничување на брзината на движење, дури и Ве предупредува кога треба да направите пауза од возењето.

Автоматското активирање на долго светло ја подобрува ноќната видливост без да ги заслепи другите возачи. Автоматски ќе го промени долгиот зрак кога ќе го препознае возилото пред вас и ќе го вклучи истото назад тогаш кога ќе Ви биде потребно.

Прилагодливиот светлосен зрак препознава дури и во темнина, го знае вашето возење при кривини и соодветно на тоа го прилагодува осветлувањето.

Никој не сака казна за преголема брзина, овој систем препознава сообраќајни знаци на патот и Ве предупредува за валидни ограничувања на брзината.

Време е за пауза? Системот за откривање на уморот кај возачот го обсервира начинот на управување, ги открива знаците кои укажуваат на исцрпеност и Ве предупредува за потребата од одмор од возењето, ќе Ве предупреди со звук за предупредување и симбол на пиктограм шолја за кафе на вашиот екран.
ВОЗЕТЕ КАКО ПРОФЕСИОНАЛЕЦ
ДИНАМИЧНА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ВОЗЕЊЕ КОЕ Е УДОБНО
Nissan интелигентните технологии за помош при возењето, работат во позадина и Ви даваат дополнително ниво на контрола, ова обезбедува вашиот нов QASHQAI да биде поефективен, побрз и позабавен.

Овој систем обезбедува побезбедна изведба на аголот со прилагодување на притисокот на сопирачката на секое тркало, со цел да одржи оптималното прицврстување.

Системот за активна контрола на удобноста лесно сопира со цел да спречи навалување на каросеријата поради нерамнините и со тоа го прави возењето удобно.

Системот го контролира автоматскиот менувач при возење во мали лесни кривини. Се менува во понизок степен кога влегувате во кривината, а потоа се префрла на повисок степен за да се забрза брзината при излегување од кривината.

Hill Start Assist го одржува притисокот на сопирачката во времетраење од неколку секунди за да Ви овозможи доволно време да ја преместите ногата од педалот на сопирачката до педалата за гас со цел да го спречите вашиот Qashqai да се движи назад низ нагорнината.
ПРЕЗЕМЕТЕ ГО СЛЕДНИОТ ЧЕКОР
- NISSAN BiH
- nissan.mk
- nissan.me
- nissan.hr
- nissan.si
- nissan.rs
- nissan-rks.com